Ве обвинуваат дека сте хипохондрик?

Јас се викам Хашимото. Јас сум невидлива автоимуна болест која ја напаѓа твојата тироидна жлезда и е причина за твојата хипотиреоза. Се залепив како крлеж за твојот живот. Јас сум итар и подмолен – не се појавувам секогаш на твоите крвни анализи. Луѓето околу тебе не можат да ме видат, ниту да ме слушнат, но твоето тело ме чувствува.

416

Ако боледувате од Хашимото, тогаш проследете го овој текст до членовите на вашето семејство, соработниците, пријателите и сите со кои секојдневно контактирате. Можеби конечно ќе разберат како е да се живее со заболена тироидна жлезда и колку напор понекогаш е потребно за да се истурка еден сосема обичен ден.

Значи, Хашимото






Јас се викам Хашимото. Јас сум невидлива автоимуна болест која ја напаѓа твојата тироидна жлезда и е причина за твојата хипотиреоза. Се залепив како крлеж за твојот живот. Ако имаш хипотиреоза, веројатно ме имаш и мене. Јас сум причина број еден за хипотиреоза во многу земји низ светот.

Јас сум итар и подмолен – не се појавувам секогаш на твоите крвни анализи.

Луѓето околу тебе не можат да ме видат, ниту да ме слушнат, но твоето тело ме чувствува.

Можам да те нападнам каде било и на кој било начин. Ако сакам.

Можам да ти предизвикам силна болка или, ако сум добро расположен, може да ти ги предизвикам сите болки во твоето тело одеднаш.

Се сеќаваш кога ти и твојата енергија трчавте околу наоколу заедно и се забавувавте? Ја зедов таа енергија од тебе и ти дадов исцрпеност. Обиди се да се забавуваш сега.

Можам да ти го одземам добриот сон и наместо тоа да ти дадам заборав и недостаток на концентрација.

Можам да те натерам да сакаш да спиеш 24 часа на ден, но може да ти предизвикам и несоница.

Можам да направам да чувствуваш внатрешен тремор или да ти создадам чувство на студ или топлина, кога сите други се чувствуваат нормално.

Накратко, може да ти предизвикам отекување на рацете и нозете, лицето и очните капаци – може да влијаам на тоа да ти отече буквално сè.

Можам да направам да се чувствуваш депресивно или да имаш напади на паника. Исто така можам да ти ги предизвикам сите останати ментални здравствени проблеми.

Сите тие луди промени на расположението? Тоа сум јас.

Дали плачеш без причина? Дали се лутиш без причина? И тоа сум јас.

Јас сум Хашимото и те променив

Можам да направам да ти паѓа косата, да ти стане сува и кршлива или да ти расте многу бавно. Можам да ти предизвикам акни, сува кожа, … само небото ми е граница.

Јас можам да те натерам да се здебелиш, и колку и да јадеш или вежбаш, не губиш ниту грам. Исто така, можам да направам и да ослабеш. Не сакам дискриминација.

Моите пријатели, други автоимуни болести, честопати ми се придружуваат, па имаш уште поголема причина да се грижиш.

Целиот текст побарајте го на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Freepik

Поврзани содржини