Ве нервираат дупките на асфалтот? Јавнете летечки мотор! (ВИДЕО)
Мотоциклот со четири млазни турбини наречен „Тhe Speeder“, или „Забрзувач“, го направи својот прв пробен лет.
Постојат луѓе кои ги претпочитаат моторите пред колите. За нив моторот дава повеќе слобода и индивидуалност. Денес е нивниот среќен ден – ако сакаат истовремено да летаат.
Мотоциклот со четири млазни турбини наречен „Тhe Speeder“, или „Забрзувач“, го направи својот прв пробен лет. Сè помина успешно. Забрзувачот ќе може да лебди, да врти додека лебди, да се движи во различни насоки и најважното – да исправа ако биде турнат или удрен од некого, пишува IFL Science.
Погледнете го следното промо-видео на компанијата.
„Забрзувачот“ не е електрично возило и со својот млаз ќе го загадува воздухот. Сепак, тој ќе може да се вивне многу повисоко отколку што може кое било возило, вклучувајќи и летечка кола која се носи на електрични дронови. На неверојатни 4.572 метри ќе лета овој мотор со брзина од 240 километри на час.
Но, ќе ѝ треба време на компанијата „Jetpack Aviation“ да ги пушти во употреба четирите планирани варијанти на „Забрзувачот“ на пазарот, меѓу кои и модел за рекреација, воен модел и модел за товарење.
Ако се прашувате што беше тестирано денеска, тоа беше стабилизирачката авионска платформа VTOL која ќе биде основа на „Забрзувачот“.
Тестот може да го видите во следното инстаграм-видео.
View this post on Instagram