Вејн Руни повторно ја изневери сопругата: Го пронашле во хотел со голи девојки (ФОТО)
Поранешниот фудбалер Вејн Руни повторно се најде во средина на скандал. Тој заврши на насловните страници на странските медиуми по бурниот излет со неколку девојки кои имале 21 година, а сега, како што вели фудбалерот, е предмет на местенка.
Руни бил во ноќен клуб и се забавувал, а тука била и инфлуенсерката Тејлор Рајан и нејзините две пријателки. Според „Дејли мејл“, фудбалерот се бакнувал со една од девојките, а подоцна сите завршиле во хотел во Манчестер.
Нивната забава завршила откако Вејн повикал полиција додека девојките почнале да ги фотографираат случувањата и да ги објавуваат на социјалните мрежи. Во еден кадар, Руни лежи на подот од собата, опкружен со голи девојки.
Руни повикал полиција затоа што се сомневал дека го користат за да се рекламираат и дека целата ситуација е наместена. Родителите на девојките јавно му рекоа на фудбалерот дека се срамат од однесувањето на своите ќерки и му се извинија. Едната од нив потоа го затвори својот профил на Инстаграм за јавноста.
Колин неколкупати дозна дека Вејн ја изневерил. Му рече дека ќе го напушти, но досега секој пат му простуваше. Тие се во брак од 2008 година и имаат четири деца.
Колин сè уште не проговорила за новиот скандал со прељуба.
ФОТО: Инстаграм/Твитер