„ВЕ МОЛАМ, РАЗБЕРЕТЕ МЕ“ Прво огласување на Харис Џиновиќ по разводот од Мелина
Како бомба одекна веста за разводот на познатиот естраден пар, пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ.
Како бомба одекна веста за разводот на познатиот естраден пар, пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ. Имено, како што дознава „Пинк.рс“ од извор близок до семејството Џиновиќ, Харис се иселил од вилата во Сењак каде Мелина престојувала со своите деца, синот Кан и ќерката Џина.
„Ве молам разберете ме… Не можам сега да ви давам изјави“, рекол Харис за „Пинк.рс“.
Од „Пинк.рс“ ја контактирале и Мелина која кратко изјавила:
„Разберете ме, не би зборувала на таа тема. Ви благодариме на повикот.“
Инаку, љубовната приказна на популарниот пејач и познатата модна дизајнерка започна во 2002 година, кога Мелина беше трета година на студии. Нивните емоции веднаш се разгореле, иако не сакаа да зборуваат за приватниот живот, Харис во едно од ретките интервјуа призна дека „едноставно се нашле“.
Како што признала години подоцна, Мелина без многу размислување започнала врска со Харис. Двајцата се венчаа по 12 години заеднички живот, а на вечна љубов се зарекоа во 2014 година на луксузна јахта, закотвена во близина на Дубровник.