ВЕЌЕ НИШТО НЕМА ДА БИДЕ ИСТО Борис Тот се прости од братот

Сочувство до семејството по повод смртта на Денис Тот изразуваат голем број македонски, хрватски, како и клубови и ракометари од целиот регион. 

597

Ракометниот голман Борис Тот, со емотивна порака се прости од братот Денис Тот кој денеска почина на Клиниката во Скопје.

Хрватскиот ракометар и член на Бутел почина на 27-годишна возраст сé уште под неразјаснети околности.






„Прерано нѐ напушти, драг мој почивај во мир. Ништо нема да биде исто без тебе“, напиша на Борис Тот на Фејсбук.

Сочувство до семејството по повод смртта на Денис Тот изразуваат голем број македонски, хрватски, како и клубови и ракометари од целиот регион.

Поврзани содржини