ВЕЌЕ НЕ ЗНАЕ КОЈА Е РЕАЛНОСТА Бајден вели дека син му што почина од рак загинал во Ирак (ВИДЕО)

Во 2019 година, Бајден изјави дека верува дека неговиот син се разболел во Ирак и подоцна умрел.

849

Американскиот претседател Џо Бајден вчера за време на говорот во Колорадо изјави дека неговиот син Бо го загубил животот во Ирак.

– Го кажувам ова како татко на човек кој освои Бронзена ѕвезда, медал за истакната служба и го загуби животот во Ирак – рече Бајден, пренесе Фокс њуз.






Синот на Бајден почина во 2015 година од рак на мозокот.

Во 2019 година, Бајден изјави дека верува дека неговиот син се разболел во Ирак и подоцна умрел.

– Мислам дека е така, сè уште не можам да го докажам тоа. Бо се врати од Ирак со глиобластом во четврта фаза. Живееше 18 месеци знаејќи дека ќе умре – рекол Бајден во 2019 година.

Фокс њуз побарале појаснување и коментар од Белата куќа во однос на оваа нова изјава на американскиот претседател.

Поврзани содржини