ВЕЌЕ НЕ МОРА ДА ОДИТЕ ВО ЛАБОРАТОРИЈА Никоб лаб доаѓа кај вас дома или на работа

Мобилните екипи се на располагање од понеделник до петок од 08 до 17 часот и сабота од 08 до 12 часот, со претходно најавување и закажување на телефонскиот број 070/271-662.

980

Со цел доближување на услугите кон граѓаните, Никоб лаб од денеска (12.10.2021) им овозможува на граѓаните услуги за безбедно земање примероци во домашни услови или на работно место.

Мобилните екипи се на располагање од понеделник до петок од 08 до 17 часот и сабота од 08 до 12 часот, со претходно најавување и закажување на телефонскиот број 070/271-662.






– Она што нѐ прави препознатливи и нѐ издвојува од другите е брзината на издавање на резултатите – за повеќето анализи истите се добиваат за неколку часа, со можност за толкување од доктор специјалист. Во Никоб лаб сме опремени со најсовремена hi-tech технологија од врвни производители на опрема и реагенси и во состојба сме да дијагностицираме здравствени проблеми од областа на репродуктивната медицина, кардиоваскуларните болести, коагулацијата, автоимуноста, како и широка палета на вообичаени биохемиски и молекуларно-дијагностички анализи. Ова е одлична можност да ги направите сите испитувања во безбедни услови, без да имате потреба да излегувате од дома или од работното место – велат од Никоб лаб.

За земање примерок за биохемиски испитувања потребно е пациентот да биде гладен. По ноќно гладување (10-12 часа) примерок се зема од 08 до 11 часот, а ако прима терапија треба да ја земе по земањето на примерокот.

За Covid пакетот примерокот може да се земе од понеделник до петок од 08 до 17 часот, или во сабота од 08 до 12 часот.

Примероците за хемостаза и INR се земаат од понеделник до петок од 08 до 16 или сабота од 08 до 11 часот, со што терапијата треба да се земе по земањето на примерокот.

Поврзани содржини