ВЕЌЕ НЕ МОРА ДА МУАБЕТИТЕ СО ТАКСИСТОТ Илон Маск го стокми своето прво роботакси

Роботакси е самоуправувачко возило од следната генерација кое Маск го спомна на настанот на инвеститорите во 2019 година. Роботаксито еден ден може да им овозможи заработка на сопствениците со изнајмување на нивните возила кои имаат опција за автономна такси услуга.

757

Извршниот директор на „Тесла“ (TSLA), Илон Маск, во петокот објави на својата платформа Икс дека ќе го претстави своето долгоочекувано роботакси на 8 август, објави порталот Еј-Би-Си 7 њус.

По објавувањето на веста, вредноста на акциите на „Тесла“ се зголеми за речиси 4% во петокот.






Најавата дојде само неколку часа откако Илон Маск го негираше извештајот дека тој се откажува од плановите за производство на автомобил со пониска цена и дека ќе се фокусира на автономно возило што ќе ги направи другите возила застарени.

Роботакси е самоуправувачко возило од следната генерација кое Маск го спомна на настанот на инвеститорите во 2019 година. Роботаксито еден ден ќе може да им овозможи заработка на сопствениците со тоа што ќе ги  изнајмуваат нивните возила кои имаат опција за автономна такси услуга.

Сепак, плановите на Маск за роботакси беа погодени со одложувања, при што компанијата во 2019 година сугерираше дека роботаксијата ќе функционираат до 2020 година.

– Единствената критика, и тоа е фер, е тоа што понекогаш не доаѓам навреме – наводно рекол Маск.

Сопственикот на Тесла може да има проблем да ги убеди регулаторите дека неговата самоуправувачка технологија е безбедна. Компанијата лани беше принудена да повлече илјадници возила откако Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) рече дека софтверот за целосно самостојно возење (FSD) на „Тесла“ може да предизвика автомобилите да ги „надминат ограничувањата на брзината“, да патуваат „небезбедно“ или „непредвидливо“.

„Тесла“ лошо почна во 2024 година, во услови на слаба побарувачка и на интензивна конкуренција, при што акциите на компанијата изгубија околу една третина од нивната вредност од почетокот на годината.

Претходно во текот на неделата, „Тесла“ објави дека испораките во првиот квартал паднале за 8,5% од пред една година, што предизвика пад на акциите по објавувањето.

Тесла делумно го препиша падот на затворањето на фабриките поради конфликтот на Црвено Море и на подметнатиот пожар во фабриката на „Тесла“ во Берлин.

Минатиот месец, аналитичарите во „Велс фарго (Wells Fargo) ја нарекоа „Тесла“ „компанија за раст без раст“.

Поврзани содржини