ВЕЌЕ 5 ДЕНА СЕ СПРОВЕДУВА ВОНРЕДНА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ЦЕНТАР Специјален препарат во 1.980 шахти

Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

168

Службите на Општина Центар заедно со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе 5 дена спроведуваат вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти, сопшти Општина Центар.

Дератизацијата се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението.






– Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести – вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар информира дека препаратот е специјално дизајниран за контрола на популацијата на глодари и е сертифициран од овластен производител, обезбедувајќи безбедност за другите животински видови.

ГЛУШЕЦ КАСНАЛ ДЕТЕ НА ИГРАЛИШТЕ ВО КАПИШТЕЦ Скопје ќе го преплават стаорци, предупреди Пановски

Поврзани содржини