ВЕЈД РОБСОН И ЏЕЈМС СЕЈФЧУК СО ГОДИНИ ГО ОБВИНУВААТ ПЕЈАЧОТ Обновени тужбите против Мајкл Џексон за сексуално злоставување

Апелациониот суд во Калифорнија ги обнови тужбите на Вејд Робсон и Џејмс Сејфчук против кралот на поп музиката Мајкл Џексон, за кој тврдат дека сексуално ги злоставувал со години додека биле момчиња.

796

Апелациониот суд во Калифорнија ги обнови тужбите на Вејд Робсон и Џејмс Сејфчук против кралот на поп музиката Мајкл Џексон, за кој тврдат дека сексуално ги злоставувал со години додека биле момчиња.

Тричлената комисија на Вториот окружен апелационен суд во Калифорнија утврди дека понискиот суд не требало да ги отфрли тужбите, како и дека тврдењата на Робсон и Сејфчук дека двете корпорации во сопственост на Џексон имале одговорност да ги заштитат се основани, пренесуваат агенциите.






Тие детално ги опишаа своите наводи во документарниот филм на ХБО од 2019 година „Напуштање на Ниверленд“ (Leaving Neverland).

Робсон, сега 40-годишен кореограф, го запознал Мајкл Џексон кога имал пет години, а се појави во три спотови на Џексон. Во тужбата, тој навел дека Џексон го злоставувал во период од седум години.

Сејфчук изјавил дека имал девет години кога го запознал Џексон додека ја снимал рекламата за „Пепси“. Тој тврдеше дека пејачот често му се јавувал и го опсипувал со подароци пред да премине на сексуално злоставување.

Адвокатите на Џексон тврдат дека тој е невин и дека тужбите против него се мотивирани од пари.

„Ние сме целосно убедени дека Мајкл е невин, а обвиненијата против него се во спротивност со сите веродостојни докази, а првпат беа изнесени во јавноста години по смртта на Мајкл од луѓе мотивирани исклучиво од пари“, велат тие.

Новиот закон во Калифорнија, кој привремено го прошири обемот на случаите за сексуално злостаување, му дозволи на апелациониот суд повторно да ги отвори тужбите.

Ова е вторпат тужбите поднесени од Робсон во 2013 година и од Сејфчук една година подоцна, да бидат вратени на повторно разгледување, откако беа отфрлени како неосновани.

„Корпорација која го овозможува сексуалното злоставување на деца од страна на еден од своите вработени не е ослободена од афирмативните должности да ги заштити тие деца само затоа што е исклучиво во сопственост на сторителот на злоставувањето“, се вели во одлуката на судот.

Судијата кој ги отфрли тужбите во 2021 година утврди дека корпорациите, MJJ Productions Inc. и MJJ Ventures Inc., не можат да очекуваат да функционираат како надзорен орган или црква во која детето под нивно старателство може да очекува нивна заштита.

Џексон, кој почина во 2009 година, беше единствен сопственик и единствен акционер во тие компании.

Поврзани содржини