ВЕ ЧЕКАМЕ НА ПРЕГОВОРИ ВО ГОМЕЛ Руска делегација пристигна во Белорусија, според договореното
Ќе бидеме подготвени да ги започнеме овие разговори во Гомел, рече Дмитриј Песков, првиот човек на Кремљ.
Руска делегација пристигна во белорускиот град Гомел на разговори со украинската страна, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Во согласност со договорот, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците – изјави Песков.
– Ќе бидеме подготвени да ги започнеме овие разговори во Гомел- додаде тој.