Ве боли за скулптурите од Акропол? Е и нас нѐ боли што нѐ преименувавте во „Северна“!

На „Елгиновите“ столбови местото им е во Атина, во прекрасниот Музеј на Акропол, исто како што нашето име е Република Македонија!

22,114

Целосно се согласувам со грчкиот премиер Мицотакис…

Многу боли неправда нанесена од моќник и газење на сопственото културно наследство (составен дел на идентитетот).






Во право е Кирјакос и кога вели дека поставувањето на таканаречените „Елгинови“ столбови во Британскиот музеј е како да го пресечете лицето на Мона Лиза на два дела.

Има уште подобар пример кој што можел да го искористи грчкиот премиер. Поставувањето на таканаречените „Елгинови“ столбови во Британскиот музеј е како насилно да преименувате една земја во „Северна…“ против волјата на нејзиниот народ.

На „Елгиновите“ столбови местото им е во Атина, во прекрасниот Музеј на Акропол, исто како што нашето име е Република Македонија!

Ќе дојдеме полека и до правда за Грција, но и до правда за Македонија!

(Фејсбук статус на авторот, на веста дека Велика Британија не сака на Грција да ѝ ги врати скулптурите кои Британците во 19 век ги отклесале од фасадата на древниот грчки Партенон на ридот Акропол во Атина)

МИЦОТАКИС НЕ ДОБИ НИТУ „С“ ОД СКУЛПТУРИТЕ ОД ПАРТЕНОН Сунак ја откажал средбата, Британија не е расположена да го врати украденото

 

Поврзани содржини