Вељаноски: Нема економска оправданост за пет потпретседатели на Собранието
Во САД има 435 пратеници и еден потпретседател, во Велика Британија има 650 пратеници 3 потпретседатели, во Словенија има 90 пратеници и тројца потпретседатели, во Италија има 630 пратеници и 4 потпретседатели, и во Германија има 709 пратеници 5 потпретседатели, вели Вељаноски.
Експретседателот на парламентот Трајко Вељаноски не го одобрува предлогот на актуелниот претседател Собранието да има пет потпретседатели. Тој преку соопштение напарави споредба колку претседатели имало во претходните парламентарни состави, но и во некои од европските земји.
Вељаноски наведува дека во време на претходната власт 2006-2008 година, 2008-2011 година, 2011-2014 година и во 2014-2016 година имало по три потпретседатели на Собранието.
Во двата мандата на актуелната власт се предложени по 5 потпретседатели.
Тој наведува примери во други држави. Така во САД – 435 пратеници – 1 потпретседател, Велика Британија – 650 пратеници – 3 потпретседатели, Словенија – 90 пратеници – 3 потпретседатели, Италија – 630 пратеници – 4 потпретседатели, Германија – 709 пратеници – 5 потпретседатели.
– Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија! Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието – смета Вељаноски.