Легендарниот американски актер Шон Конери почина во саботата, после неколку дена интензивни здравствени проблеми. Неговата сопруга Мишелин Рокебрун Конери, со која беше во брак 45 години, сега проговори за последните моменти на актерот.
– Таквиот живот не беше за него. Не можеше да зборува во последно време. Барем почина во сон, многу мирно. Постојано бев покрај него и едноставно потона во сон. Така и сакаше да биде – изјавила Мишелин за „Дејли мејл“.
– Имаше деменција и тоа го измори. Неговата последна желба се исполни, да почине без многу помпа – открила Мишелин.
Таа имала само пофални зборови за својот сопруг, па во интервјуто накратко раскажала каков бил Конери.
– Тој беше прекрасен и поминавме прекрасен живот заедно. Беше пример за мажите. Ќе ми биде многу тешко без него, свесна сум за тоа, но не можеше да трае засекогаш, а тој замина во мир – рекла вдовицата на Конери.
Шон и Мишелин се запознале во 1970 година, но не можеле веднаш да ја започнат врската, бидејќи таа имала сопруг и три деца. Но, години подоцна се венчале. Тие беа во брак 45 години.
Шон Конери дури седум пат го глумеше најпознатиот агент на светот Џејмс Бонд.
ФОТО: Јутјуб