Три години откако почина славниот „Плејбој“ могул Хју Хефнер на 91-годишна возраст, неговата вдовица Кристал (34) најде нова љубов.
По смртта на Хефнер, се чини дека Кристал комплетно го променила својот живот, па можеби и не треба да биде изненадена од нејзиниот нов избор за партнер.
Во прашање е Натан Леви (32), кој се занимава со вселенско инженерство и нема никаква врска со јавниот живот.
Двојката неодамна е забележана како ужива во романтичниот одмор во Мексико, а заедно се четири месеци.
„Тој е паметен, грижлив и се чини дека Кристал се чувствува безбедна. Тој е прекрасен за неа“, откри извор близок на поранешната зајачица на „Плејбој“, која сега пишува блог за патувања, додавајќи дека Кристал никогаш не бил посреќна.
Хју Хефнер беше постар од неа 60 години.
ФОТО: Инстаграм