ВДОМИ КУЧЕ, ДОБИЈ 50 ЕВРА Приштина смисли начин како да се справи со глутниците по улиците

Сите кои ќе покажат интерес за посвојување кучиња ќе бидат субвенционирани со 50 евра месечно.

94

Откако пред два дена кучиња-скитници искасаа дете во центарот на Приштина, тамошниот градоначалник Перпарим Рама реши да почне акција за решавање на овој долгогодишен проблем.

Надлежните служби најавија дека кучињата ќе ги испратат во прифатилишта со лиценца, каде што ќе бидат соодветно третирани и потоа подготвени за посвојување.






Сите кои ќе покажат интерес за посвојување кучиња ќе бидат субвенционирани со 50 евра месечно.

– Лице што земe куче ќе се субвенционира со 50 евра месечно. Граѓаните можат да земат до пет кучиња – велат од градот Приштина.

Поврзани содржини