ВДИШАВ И БРОЕВ ДО ТРИ Путин примил трета доза преку нос
Шест месеци после вакцинацијата, нивото на моите антитела опадна и стручните лица ми препорачаа да се ревакцинирам, рекол Путин.
Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека е меѓу првите кои ја примиле новата руска вакцина против ковид-19, која се вдишува.
Тој ја примил вакцината во спреј, која му била ставена преку нос без игла, како дел од неговата реимунизација. Путин потврдил дека примил назална формула, заедно со бустер-доза, пренесува РТ.
– Ме замолија длабоко да вдишам и да избројам до три – изјавил рускиот претседател и додал дека за време на процесот не почувствувал ништо.
– Шест месеци после вакцинацијата, нивото на моите антитела опадна и стручните лица ми препорачаа да се ревакцинирам, додал Путин.