🎥 ВЧЕРА НАД ВАЉЕВО ЛЕТАШЕ ШПИОНСКИ ДРОН Следниот пат ќе го собориме па ќе видиме чиј е, се закани Вучиќ

Вчера над Ваљево е забележано непознато летало, поради кое српското воздухопловство подигна 2 борбени авиона МиГ-29.

933

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за време на обиколката на аеродромот во Батајница изјави дека леталата што се наоѓаат во српскиот воздушен простор како што беше случај вчера, треба да бидат соборени.

Вчера над градот Ваљево е забележано непознато летало, поради кое српското воздухопловство подигна 2 борбени авиона МиГ-29.






– Вчера тоа беше балон или голем шпионски дрон. Брзо ја напушти областа. Следниот пат треба да дејствува противвоздушната одбрана и да го собори леталото, па ќе утврдиме чие е – рече Вучиќ.

Вучиќ најави и дека за набавката на борбени авиони Рафал (Rafale) ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата претстојна посета на Париз.

– Ако не можеме да го добиеме Рафал, ќе добиеме нешто друго. Мораме да се грижиме за регионот. Како воено неутрална земја, треба да бидеме посилни за да можеме да ја зачуваме таа неутралност – рече претседателот.

Поврзани содржини