Вчера 350 лица потпишале изјави за самоизолација

344

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР 41 лице не ја почитувало забраната за движење, при што приведени се 22 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На 186 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 350 лица потпишале изјави за самоизолација.






Полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што  евидентирано е едно лице кое не ги почитувало мерките за изолација.

 

 

Поврзани содржини