Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија на 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 585 прекршоци.