„ВАЖНО СОВЕТНИЦИТЕ ЗЕДОА 600 ЕВРА ДНЕВНИЦА“ Арсовска вели дека нема да се тргне од говорница додека не се најде чаре за превозот

За да повеќе нема оправдувања, јас од оваа говорница нема да се тргнам сѐ додека не кажете каква одлука сакате, ќе ги прифатам сите амандмани, подготвени сме да направиме и ребаланс на Буџетот, за да гласате. Тоа е единствениот начин денеска да знаеме кој сака да се реши проблемот со јавниот превоз во Град Скопје, а кој не - рече Арсовска од говорницата во Советот на град Скопје. 

7,783

Градоначалничката Данела Арсовска ги обвини советниците од ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Советот на град Скопје дека водат политика на инает со граѓаните на Скопје.

„ВМРО-ДПМНЕ ниту прифаќа предлози за набавка на автобуси, ниту пак предлага решение. Наместо предлог, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција одлучија да ги остават граѓаните на улица, да чекаат стари автобуси по еден час, на плус 40 и на минусни температури“, реагира Градот Скопје.






– Побаравте наместо од задолжување, автобуси да се набават од сопствено финансирање, сега барате и конкретен извор. Ви дадовме можност да одберете банка, да изготвите спецификација, да оформите комисија и слично, сѐ да направите вие, а јас само да ја потпишам таа јавна набавка. За да повеќе нема оправдувања, јас од оваа говорница нема да се тргнам сѐ додека не кажете каква одлука сакате, ќе ги прифатам сите амандмани, подготвени сме да направиме и ребаланс на Буџетот, за да гласате. Тоа е единствениот начин денеска да знаеме кој сака да се реши проблемот со јавниот превоз во Град Скопје, а кој не – рече Арсовска од говорницата во Советот на град Скопје.

Таа нагласи дека скопјани не заслужуваат да останат без превоз.

– Пред вас имате предлог-одлуки и програми кои не се гласаат веќе осми месец, а никој нема забелешки за нив. Ако има забелешка се дава амандман, кажете што не чини за да се корегира. Ќе седиме 24 часа тука, ќе работиме и ќе ја завршиме документацијата онака како што вам ви одговара. Средствата за паушалот за советниците се зголемил од 500 на 600 евра, значи денеска за да дојдете и да гласате тука, земате 600 евра. Имате мнозинство, очигледно е тоа, а денеска би сакала да покажете пред граѓаните, затоа што убаво ве замоли вашиот претседател на партијата да гласате! – рече Арсовска.

Советниците на Град Скопје денеска не ја донесоа Одлуката за набавка на еко-автобуси. „За“ гласаа 20 советници, пет беа воздржани, а ниту еден „против“.

Советот на Град Скопје денеска одржува седница на која се очекува советниците да ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и да донесат одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси.

Градоначалничката Арсовска на 22 август на координација со советничките групи го претстави планот за излез од кризата во градот Скопје недоволниот број автобуси поради што мораат да чекаат и по повеќе од половина час.

Поврзани содржини