ВАЖНО Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ СТЕВО И ГОРДАНА ДА БИДЕ ОГРОМНА Мицкоски смета дека така ќе се спречат сите завери против Македонија кои ги коваат Ахмети и Ковачевски
Доаѓаат подобри времиња, а овие избори се вашата шанса да ги промените работите. Излезете и гласајте и поддржете ја опцијата која ви велам дека ќе ја направиме Македонија повторно твоја, Македонија повторно горда, дециден е Мицкоски.
Ве повикувам на мобилизација. Излезете и гласајте против оваа завера што и се прави на Македонија. Ние резервна татковина немаме и одговорот ќе го дадеме преку заокружување на бројот 2 и изборот за професорката Гордана Силјановска Давков, да и посакаме добредојде на идната претседателка Гордана Силјановска Давкова”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.
Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:
„Запомнете, задутре за два дена од денес е важно како никогаш досега историски е важно разликата помеѓу идниот претседателка Гордана Силјановска Давкова и чиракот на Али, измеќарот на Али, Стево Пендаровски да биде што е можно поголема. Излезете и гласајте”.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упати порака и до младите и додаде:
„Не ја прифаќам тезата дека сте незаинтересирани за политиката, туку многу повеќе ја прифаќам тезата дека сте разочарани од факторите кои треба преку политиката да ја креираат вашата иднина. Ја имате младешката пркост, но допрва ќе го стекнете искуството и способноста да распознавате што е манипулација, а што реална понуда. Поддржете не и јас ви ветувам дека нема да ве разочараме. Дајте шанса на енергијата што носи промени и нов начин на работа. Ви велам и да приклучете се и заедно од внатре да ги менуваме заедно работите“.
Претседателот Мицкоски упати порака до неопределените и до огромното тивко мнозинство на Македонија.
– Тоа се оние луѓе на чии плеќи се носи и гради Македонија, но никогаш не биле во фокусот на оваа држава, а системот ги потргнувал на страна. Тоа се луѓето со извонредни капацитети, кои никогаш вистински не добиле шанса. Тоа се нашите чесни и лојални сограѓани. Земјоделецот на нивата, продавачот во маркетите, наставниците, учителите, работниците, невработените, пензионерите, но и младите кои се како што кажав можеби и незаинтересирани од политиката затоа што чувствуваат горчина поради сите неправди и сите порази. Сите вие кренете ја главата горе високо. Доаѓаат подобри времиња, а овие избори се вашата шанса да ги промените работите. Излезете и гласајте и поддржете ја опцијата која ви велам дека ќе ја направиме Македонија повторно твоја, Македонија повторно горда – дециден е Мицкоски.
Тој на митингот во Штип рече дека не е никаква храброст државата да му ја поклониш на Али Ахмети како што тоа го направи Димитар Ковачевски.
– Не е никаква храброст да создадеш извитоперен артаноиден режим каде владее криминалот и корупцијата. Храброст, вистинска храброст е да подигнуваш семејство и заработуваш за него во овие тешки услови за земјава и власта која безмислосно го краде народот – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски посочи дека државата е киднапирана од ДУИ, а главен соучесник е СДС.
– И навистина претераа. Ја прекардашија што вели народот. Цела изборна кампања ниту Ковачевски ниту Пендаровски не го нападнаа Али Ахмети и ДУИ. А дека ДУИ е матицата на власта и криминалот покажа и вчерашниот ден. Двете партии правеа митинг во Скопје, на собирот на СДСМ 3.000 луѓе, кај ДУИ над 15 илјади. СДСМ се претвори во огранок на ДУИ, нивна општинска организација. СДСМ не е повеќе партијата која ја создаваше Глигоров, или за која се бореше Црвенковски со кои секогаш ВМРО-ДПМНЕ имало огромни разлики и меѓусебни борби, но никогаш не се доведувало прашањето за национално единство. Денес СДСМ е партија привезок на ДУИ, нејзин нем послушник во исполнувањето на заверата против Македонија – кажа Мицкоски.
Вчера, рече Мицкоски, ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт.
– И изразив јавна намера дека веднаш по изборите, уште првиот ден ќе остварам контакт со нив за заедничка соработка основана на принципи околу кој ќе се обединиме. Уште истиот ден се јави Али Ахмети, нервозно одговарајќи, прозивајќи ме со навреди и доза на закани. Не знам дали Али ме помешал со Ковачевски кој збор не му изустува, или со Стево кој три пати на ден му бакнува рака, но треба да знае дека неговите закани не само што не ме заплашуваат, туку ме мотивираат и засмејуваат – вели Мицкоски.
Мицкоски заклучи дека таквитe напади се израз на нервоза, израз на паника и страв бидејќи знае дека ќе загуби.
– Ќе си ги загуби и чираците од СДСМ. Ова не е 2001, туку 2024, 23 години подоцна ДУИ е претворена во криминална организација – кажа Мицкоски.