ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СКОПЈАНИ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ Автобусите на ЈСП ќе возат по неделен редослед, а „Градски паркинг“ сподели каде ќе има бесплатно паркирање
Од ЈСП потсетуваат дека жичарницата ќе работи вообичаено од 10 до 18 часот, а од 17-17:30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно, 17:45 часот последно возење од горе надолу.
По повод Денот на народното востание над фашизмот, ЈП „Градски паркинг – Скопје“ и ЈСП „Скопје“ споделија информации за скопјани како ќе работат за време на празникот.
Од ЈП „Градски паркинг – Скопје“ по повод празникот јавните паркиралишта ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.
– Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), кадешто продолжува редовно работно време 09:00 – 16:00 часот – велат од „Градски паркинг“.
Оттаму додаваат дека јавните паркиралишта пак, Дом на печат, Народен фронт, АМСМ, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот.
По повод утрешниот државен празник 11 Октомври – Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информира ЈСП „Скопје“.
Ќе има две дежурни билетарници, кои ќе работат од 8 до 14 часот, таа во Транспортен центар (на излез) и билетарницата во Ѓорче Петров.
Од ЈСП потсетуваат дека жичарницата ќе работи вообичаено од 10 до 18 часот, а од 17-17:30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно, 17:45 часот последно возење од горе надолу.