Вавринка откри зошто го пропушта УС Опен

Триесет и пет-годишниот Швајцарец својата одлука ја објави во интервју за радио „РТС“ во неговата татковина.

222

Освојувачот на УС Опен за 2016 година, Стен Вавринка, одби да учествува на годинашното издание на турнирот поради пандемијата на коронавирус.

Триесет и пет-годишниот Швајцарец својата одлука ја објави во интервју за радио „РТС“ во неговата татковина.






Така, носителот на 3 Гренд-слем титули практично потврди дека нема да игра во Њујорк, откако веќе стана јасно дека тој не е на списокот на тенисери кои се пријавиле да учествуваат на престижниот турнир.

– Ситуацијата со коронавирусот во САД, а особено во Њујорк, е многу специфична. Не сакам да патувам во вакви услови. Исто така, има многу неизвесности за карантинот. Во принцип, има премногу прашања и сомнежи. Покрај тоа, има многу комплициран календар по турнирот во Њујорк – изјави Вавринка.

Ролан Гарос започнува набргу потоа на 27 септември.

Поврзани содржини