Македонската фирма „Ваурон“ ДОО Скопје донираше 10 прочистувачи на Инфективната клиника за придонес кон заштитата на медицинските лица кои се грижат за заболените од корона вирусот. Прочистувачите VAURON HAP002 се македонски производ, а интегрираниот филтер е од класата HEPA H13.
Филтерот во овој прочистувач го заробува вирусот SARS-CoV-2, иако сензорите не го детектираат бидејќи е многу мал. За употребата на прочистувачот во болнички услови компанијата обезбеди и специјално изработено упатство за работа. „HEPA H13“ филтер материјалот се препорачува од FDA, CDC, Environmental Protection Agency, NIOSH, ASTM и JCHAO како најдобра достапна технологија за контрола на овие случаи, a во 2003 година во болниците во Хонг Конг за време на епидемијата на SARS беа користени вакви филтри.