🎥 ВАСКО СТЕФАНОВ СО ЛИСИЦИ Е СПРОВЕДЕН ВО КРИВИЧЕН СУД Поранешниот директор на ЕСМ е осомничен за тежок криминал

Од Обвинителството соопштија дека во овој случај се опфатени 23 лица, за криминал тежок 6,5 милиони евра.

1,030

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов утрово со лисици на рацете беше спроведен во Кривичниот суд, откако вчера беше уапсен на ГП „Табановце“, објави ТВ Алфа.

Тој е еден од вкупно 23 осомничени за криминал во Електраните на Македонија, вреден 6 и пол милиони евра.






Главниот осомничен Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ е недостапен за органите, односно е во бегство, според информациите, најверојатно тој се наоѓа во Виена, Австрија.

Од Обвинителството соопштија дека во овој случај се опфатени 23 лица, за криминал тежок 6,5 милиони евра.

Македонските власти соопштија дека се надеваат на брза и експресна екстрадиција на Ковачевски.

Поврзани содржини