ВАСКО КОВАЧЕВСКИ НАРАЧАЛ ДА МЕ ПРЕТЕПААТ Новинарот Зоран Божиновски поднел кривична против 5 лица за нападот
Новинарот и сопственик на Буревесник, Зоран Божиновски, преку социјалните мрежи информира дека поднел кривични пријави против петмина учесници во нападот врз него, што се случи ноќта на 25 октомври во Битола.
Божиновски како нарачател го сомничи директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како посредник го посочи М.В., а наведува дека извршители се С.Б., Б.П. и А.Ј. од Битола.