ВАСКА ЦИРИВИРИ БИЛА ПРВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА АФЖ Носителка е на „Партизанска споменица 1941″

Васка Циривири е носител на „Партизанска споменица 1941″ и на повеќе државни награди и признанија. Починала во Скопје на 13 јануари 1984 година.

299

Васка Циривири била родена на 18 октомври 1898 година во Прилеп. Таа е мајка на две ќерки-борци, кои храбро загинале во НОВ – Вера и Нада Циривири.

На 12 декември 1944 година на првата конференција на АФЖ за Македонија е избрана за неjзин прв претседател, на чие место останала до декември 1945 година кога на нејзино место дошла Вера Ацева.
Васка Циривири е носител на „Партизанска споменица 1941″ и на повеќе државни награди и признанија.
Починала во Скопје на 13 јануари 1984 година.






Животот на нејзината храбра ќерка Вера Циривири Трена

На 15 години, поради болест оди на лекување во Белград и таму започнува нејзината политичката кариера. Во тоа време, шивачкиот дуќан на Коста Циривири, нејзиниот татко, во Белград било познато свратилиште на револуционери, уметници, поети и студенти од Македонија, меѓу кои најредовни посетители биле: Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Борка Талески, Кузман Јосифоски-Питу, Кочо Рацин и други, кои имале големо влијание во нејзините политички убедувања.

Вера во тоа време иако многу млада, учествувала во студентските протести. Во периодот додека живеела во Белград, Вера со мајка ѝ многу често патувале до Прилеп и назад. На тие патувања, всушност, тие од Белград носеле материјали, летоци и сѐ што било потребно за формирање месни комитети.

Во 1940 година станала член на Комунистичката партија на Југославија, а истата година на Илинден, таа била еден од организаторите на манифестацијата, која по повод националниот празник ја организирале младите македонски патриоти.


За да не се предаде жива во рацете на непријателот, Вера се самоубила

За време на окупацијата Вера Циривири била меѓу првите што се приклучила во НОБ. Таа важела за многу добар инструктор со одлични организаторски способности, па поради тоа партијата постојано ѝ доверувала задачи да отвора месни комитети и да испраќа борци на фронтот. Во повеќе места Вера се претставувала како Трена, некаде како Светлана, некаде како Ленче. Бугарските окупаторски власти давале 20.000 лева за да ја фатат жива. По партиска задача заминала за Штип, каде што во ноќта на 15 јули 1944 година, од бугарската полиција била блокирана куќата во која се наоѓала. Вера боса почнала да бега кон соседните куќи, но никој не ѝ одговорил на молбите да се скрие. Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од полициските агенти, кои ја гонеле. За да не се предаде жива во рацете на непријателот, Вера се самоубила.

Вера Циривири-Трена до денес не е прогласена за народен херој. Во нејзина чест се именувани основни училишта во Скопје и во Дебреште, како и градинка во Штип.

 

Поврзани содржини