Василевска: Од Стразбур еден ден ќе стаса „шлаканицата“ за 27 април

Не ја гледам потребата било кој на адвокатите да им објаснува дека имаат право на повторување на постапка, на вонредни преиспитување на правосилна пресуда, а ја гледам логиката и го поздравувам тоа што ќе се сретнат Пендаровски и Мицкоски, вели пратеничката на СДСМ Калеска Ванчева.

3,192

Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во врска со најавената средба за утре на шефот на државата Стево Пендаровски и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, смета дека во контекст на дијалог е добро што ќе се сретнат, бидејќи не е добро за општеството, за државата претседателот и лидерот на најголемата опозициска партија да немаат комуникации.

Сепак, вели таа, правосудниот систем треба да се справи со предизвикот за настаните од 27 април, бидејќи ваквите случувања ако немаат вистински завршеток низ правниот систем оставаат трајни последици.






– Не ја гледам потребата било кој на адвокатите да им објаснува дека имаат право на повторување на постапка, на вонредни преиспитување на правосилна пресуда, а ја гледам логиката и го поздравувам тоа што ќе се сретнат – рече Калеска Ванчева, во емисијата „Вин-вин“ на Телма.

Случајот за 27-ми април еден ден ќе стаса до Стразбург и од таму ќе дојде шлаканицата за македонската држава и судство, бидејќи нема никакви индиции дека ова можеше да претставува сериозно дело кое Обвинителството ќе го процесира, па ќе го доведе до суд и до судска разврска, истакна професорката Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, вечерва во Телма телевизија.

-Тука станува збор за различни групи на луѓе, а процесот беше целосно изманипулиран во тој еден час додека траеше протестот пред Собранието, а протести имаше и за време на шарената револуција, јас го разбирам револтот,актот на влегувањето во Собранието е нешто различно од организирана акција, но Русковска не го доведе во прашање членот 314 за уништување на објекти од поголемо значење за кој е предвидено казна затвор од четири години – вели Василевска.

Василевска вели дека треба да има повторено судење за овој случај.

Поврзани содржини