Музичката легенда Зафир Хаџиманов ќе биде погребан в среда, на 7 април на Новите гробишта во Белград, информира на Фејсбук неговиот син, познатиот џез-музичар Васил Хаџиманов.
Неговата урна ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани.
„Испраќањето на мојот татко Зафир ќе се изврши на 7 април на Новите гробишта, во кругот на најблиското семејество и пријатели. Урната ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани. Кога ќе помине оваа грозна пандемија, ќе направиме испраќање, какво што доликува и какво што Зафир заслужи. Ќе го испратиме со песна и насмевка. Токму така како што тој би сакал и како што живееше целиот свој живот. Ви благодарам од се срце на многубројните пораки на поддршка и разбирање“, напиша Васил на Фејсбук.
ФОТО: Фејсбук