ВАШИТЕ ПРОБЛЕМИ СЕ И МОИ Перински ги охрабри граѓаните да му пишуваат
Нерешени ситуации со имотно-правни односи, неиздадени решенија за данок на имот, повеќемесечни проблеми со водоводната мрежа, се само дел од проблемите кои ги споделивте со мене во изминатиот период и за кои веќе посредувам кај надлежните институции да најдеме решение за нив, истакна министерот за локална самоуправа.
„Вашите проблеми се и мои. Ветив и продолжувам преку [email protected] директно да комуницирам со вас да се обидеме заеднички да ги надминеме предизвиците со кои се соочувате“.
Вака напиша Министерот за локална самоуправа Златко Перински во објава на Фејсбук.
„Нерешени ситуации со имотно-правни односи, неиздадени решенија за данок на имот, повеќемесечни проблеми со водоводната мрежа, се само дел од проблемите кои ги споделивте со мене во изминатиот период и за кои веќе посредувам кај надлежните институции да најдеме решение за нив,“ истакна министерот.
Перински вели дека го радуваат и неколкуте сугестии кои граѓаните му ги испратиле во насока за пофункционална локална самоуправа, а кои веќе се разгледуваат во започнатиот процес на менување на соодветниот закон.
„Ве охрабрувам и натаму да ми пишувате. Отворен сум за соработка со вас. Вие сте нашите партнери и заедно можеме да создадеме подобро општество“, додава тој.