ВАШИОТ ТИНЕЈЏЕР САКА ДА РАБОТИ ПРЕКУ ЛЕТОТО? 70 отсто од зумерите бараат од родителите да им помогнат во процесот на барање работа
Истражувањето, спроведено од ResumeTemplates.com, ги разгледало одговорите на 1.428 „деца“ на возраст од 18 до 27 години кои барале работа во текот на изминатата година. Меѓу поинтересните резултати бил и тој дека 25 отсто од децата од генерацијата „З“ кои барале работа ги зеле своите родители на интервјуто за работа.
Дури и пред да почнам да ја гњавам мојата 15-годишна ќерка да работи сезонска работа ова лето, таа дојде кај мене велејќи ми дека сака да работи.
Мора да ѝ дадам признание за иницијативата, си помислив. Но, вистината е дека од тој момент натаму таа немаше поим што треба да прави.
Не можев, а да не се сетам кога јас имав 15 години, подготвена за мојата прва работа.
Мајка ми познаваше фармацевт, па го праша дали вработува. Ме одведе во аптеката и додека таа се шеташе меѓу рафтовите со ехинацеа и ацетисал, фармацевтот почна да ми поставува прашања за кои претпоставувам дека беа интервју.
Сега дојде денот кога јас ѝ помагам на мојата ќерка да ја најде својата прва работа.
И не сум единствена.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.