ВАШИОТ МАНДАТ Е ДОГОВОР СО ГРАЃАНИТЕ Мицкоски им испрати порака на градоначалниците

Сакам да им порачам на сите градоначалници, и оние што се реизбираат и оние што првпат застануваат пред народот: вашиот мандат е договор со граѓаните. Службата е чест, но и обврска. Да бидете транспарентни, достапни, чесни, и да мерите сè со резултати, а не со зборови, порача премиерот.

52

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во Штип, испрати порака до нив, дека нивниот мандат е договор со граѓаните.

– Сакам да им порачам на сите градоначалници, и оние што се реизбираат и оние што првпат застануваат пред народот: вашиот мандат е договор со граѓаните. Службата е чест, но и обврска. Да бидете транспарентни, достапни, чесни, и да мерите сè со резултати, а не со зборови. Вашето досегашно искуство да го претворите во предност, а вашата визија и програма да ги претворите во реални дела и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Тоа е нашата заедничка мисија и цел – рече тој.






Мицкоски укажа и кои се обврски ги презема Владата кои се  спроведуваат континуирано.

Нашата Влада, рече тој, се фокусира на две клучни теми.

– Прво, борбата против корупцијата. Нема напредок без чесност. Нема правда без одговорност. Корупцијата е данок врз сиромашните – и мора да ја искорениме. Ќе биде или ПРАВДА И РЕД, или нема да ја биде државата! Или корумпираните политичари, мафијаши или Македонија! Ние ќе бидеме во први редови на страната на Македонија и нејзините граѓани! И тоа ќе го видите! Второ, животниот стандард на граѓаните. Нашата должност е да создадеме услови за достоинствен живот, повисоки плати, пристоен живот за пензионерите, стабилни цени, поддршка за семејствата. Во услови на сериозни економски проблеми, инфлација која и во светот тешко може да се смири, ние имаме одговорност и обврска да донесеме мерки и чекори кои ќе бидат од корист за граѓаните и кои ќе го зголемат и подобрат нивниот стандард – изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, не се застанува тука, со засилена динамика продолжуваат сите реформи во сите области.

Поврзани содржини