ВАШИОТ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА ЈА БЛОКИРААТ МАКЕДОНИЈА, А НЕ НИЕ! Одговор на ВМРО-ДПМНЕ на нападите од Ковачевски во Брисел

Македонија е блокирана затоа што наместо правда, владее криминалот, затоа што обвинителството го штити и развива криминалот наместо да биде прв во борбата за негово спречување - рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

201

САД издвоија околу 500 милиони долари за добро владеење и владеење на правото, а гледаме епидемија на корупција во Македонија – ова е изјавата на стратешките партнери која е потврда дека корупцијата е во секоја пора на општеството, во секој сектор. Парите се потрошени, а виновните и одговорните за тоа се на слобода, рече денеска на прес конференција Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС и ДУИ се 7 години на власт. Оливер Спасовски е скоро 9 години министер за внатрешни работи, а Македонија од година во година е сè повеќе заглавена во криминал и корупција. Довербата во судството е само 2%, пониска не била никогаш. Криминалот и корупцијата со СДС и ДУИ станаа начин на функционирање, кој може да се искорени, само со нивно искоренување од власт.






Оваа власт на СДС и ДУИ е прва во криминалот, тие се суштината на сите проблеми. Високото ниво на криминал и корупцијата го има во врвот на власта, но го има и кај сите други сегменти во општеството. Практично, не постои сектор во државата во кој нема корупција, дали е тоа здравство, дали е тоа образованието, дали е тоа судство, обвинителство, или други сектори, секаде е присутна корупцијата.

Македонија е блокирана затоа што наместо правда, владее криминалот, затоа што обвинителството го штити и развива криминалот наместо да биде прв во борбата за спречување. Најголемиот феномен е што токму власта на СДС и ДУИ која се прогласува за проевропска си дозволи да не се покрене ниту една истрага за лавината на корупциски активности. Институциите молчат, не постапуваат и не реагираат никако само за да бидат во одбрана и служба на власта – рече Митева.

На прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира за изјавата на премиерот Димитар Ковачевски која што ја даде од Брисел, дека виновни дека ќе нема втора меѓувладина конференција се ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Митева дека токму овој прес за криминалот и корупција е доволен одговор за тоа кој е единствениот виновник.

– Ваквите обвинувања се само обид да се прикрие поразот кој што го има Македонија, а за тоа директно виновни се СДС и ДУИ – рече Митева.

 

Поврзани содржини