ВАШИОТ ДОМ Е НАША ОРДИНАЦИЈА Никоб Медикал со ексклузивни промотивни пакети за вашата здравствена нега

Новите здравствени пакети се наменети исклучиво за поддршка на здравјето на граѓаните во домашни услови.

274

Брзиот и динамичниот живот на луѓето денеска наметнуваат нови правила во европските и светски медицински протоколи, а предизвиците на здравствените капацитетите не секогаш се прилагодуваат на дневните активности и здравствените потреби на граѓаните.

Никоб Медикал, следејќи ги светските здравствени трендови, со јасна стратегија и хумана димензија, ги промовира новите здравствени пакети кои се исклучиво наменети за поддршка на здравјето на граѓаните во домашни услови.






Свесни сме дека брзиот и динамичен живот може да ја запостави превентивната здравствена заштита на граѓаните која за нив подоцна може да биде кобна. А за оние кои имаат потреба од  неопходна медицинска терапија и нега, ги проектиравме најбараните здравствени пакети кои се со многу достапни цени и кои можат да бидат аплицирани и во домашни услови, бидејќи ги поседуваме најдобрите капацитети во државата составени од врвни докторски и медицински тимови, најмодерни амбулантни возила и најмодерна биохемиска молекуларно дијагностичка лабораторија Никоб Лаб, која е во мрежата на ФЗО.

Дозволете вашиот дом да биде наша ординација, а грижата за вашето и здравјето на вашите најблиски да биде наша обврска со промотивните пакети за Специјален онколошки пакет, Медицински пакет – домашна посета, Специјален уролошки пакет и Центар за третирање на рани, како и пакетите на Никоб Лаб за сите биохемиски анализи.

Поврзани содржини