Вашингтон смета дека Кина ќе се обиде да ја украде вакцината за ковид-19

Според него, најверојатно САД ќе бидат првите што ќе направат вакцина. Постојат информации дека Кина, наводно, се занимава со шпионажа и се обидува да ги најде „истражувачите и технологиите“.

552

Советникот на САД за национална безбедност Роберт О’Брајан верува дека Кина би можела да се обиде да ја украде вакцината за корона од Вашингтон.

Според него, најверојатно САД ќе бидат првите што ќе направат вакцина. Постојат информации дека Кина, наводно, се занимава со шпионажа и се обидува да ги најде „истражувачите и технологиите“.






Во интервју за „CBS“, О’Брајан рече дека Кина има „големо искуство со кражба на американски тајни и интелектуална сопственост, со криптирање на американските технологии“.

После тоа, тој уште еднаш ја обвини Кина дека крие сите информации поврзани со ковид-19.

Претходно, шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји изјави дека на Светската здравствена организација и давале стручни препораки уште од самиот почеток на епидемијата на коронавирусот.

Поврзани содржини