ВАШИНГТОН ГО ПРИТИСКА КУРТИ? САД го блокираа влезот на Косово во Советот на Европа

450

Министерствата за надворешни работи на одредени европски земји, кои се членки на Советот на Е Советот на Европавропа, добија нота од амбасадите на САД во која се наведува дека Вашингтон смета дека прашањето за влегување на Косово во Советот на Европа не треба да биде ставено на дневен ред на Комитетот на министри на Советот на Европа, дознава „Еуроњуз Србија“ од дипломатски извори.

Како што наведува српската редакција на „Еуроњуз“, САД бараат прашањето за членството на Косово во Советот на Европа да не биде ставено на дневен ред додека „Косово не усвои поконструктивен став за Заедницата на српските општини (ЗСО), што би го отворило патот за предлогот, на основен договор меѓу Белград и Приштина“.






Порталот пишува и дека овој став на САД е договорен со Италија, Франција и Германија.

Поврзани содржини