Вашингтон ја удвои наградата, нуди 10 милиони долари за главата на лидерот на ИД

353

Властите во САД соопштија дека ја удвоиле наградата на 10 милиони американски долари за какви било информации што овозможуваат апсење на новиот лидер на ИД.

Амир Мохамед Саид Абдел Рахман ал-Маула го наследи основачот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади, кој беше убиен кон крајот на октомври за време на американски напад во Сирија. Според Стејт департментот, тој бил одговорен за киднапирања, убиства и трговија со припадници на религиозното малцинство Јазиди во северозападен Ирак.






Во март, Вашингтон го вклучи новиот шеф на ИД на „црниот список“ на „меѓународни терористи“.

Неколку западни разузнавачки служби успеаја да го идентификуваат Маула, кој е еден од главните идеолози на ИД, како вистински нов водач на џихадистичката група. Дел аналитичари се сомневаат во неговото постоење, јавија западни медиуми.

Поврзани содржини