ВAШЕТО БЕБЕ НЕ САКА ДА ЗАСПИЕ? Инструкторка за масажа на бебиња тврди дека овој трик секогаш функционира
Сертифицирана инструкторка по масажа на ТикТок споделила трик кој ќе ви помогне да го заспиете бебето во два едноставни чекори.
Инструкторката по масажа Елина Фурман на ТикТок споделила трик кој ќе ви помогне да го заспиете бебето во два едноставни чекори. Како што тврди таа, овој трик функционира секој пат, а го демонстрира на кукла.„Прво нежно поминете со показалецот од челото кон носот, а потоа нежно тријте ги веѓите од внатре кон надвор“, напишала таа.
Елина има серија од видеа на нејзината страница кои покажуваат како масажата може да му помогне на бебето кое се бори со грчеви или запек. Таа неодамна објави уште една техника за масажа на бебиња која може да им помогне побрзо да заспијат.
Повеќе за ова на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.