ВАРТОЛОМЕЈ УПАТИ ЧЕСТИТКИ ДО ПРЕМИЕРОТ Неговата Сесветост на Ковачевски му посака плодотворна и успешна служба.
Ова е првпат вселенскиот патријарх да посака успешна работа на македонски премиер.
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски доби честитка од Вселенскиот патријарх Вартоломеј за новата функција и му посака успех. Во соопштението се вели
– Неговата Божествена Сесветост, Патријархот Вартоломеј испрати пораки со честитки од името на Вселенската Патријаршија до новоизбраниот македонски премиер Димитар Ковачевски. Неговата Сесветост на Ковачевски му посака плодотворна и успешна служба, стои во соопштението.
Ова е првпат вселенскиот патријарх да посака успешна работа на македонски премиер.