Вархеји: Западен Балкан го гледаме како дел од Европа

Работиме на забрзано намалување на нееднаквоста меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ - рече еврокомесарот.

184

Западен Балкан е еден од приоритетите на Европската комисија, изјави денеска во Сараево комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји.

По разговорите со домаќините, Вархеји изјави пред новинарите дека Комисијата многу ревносно работи од првиот ден за да даде до знаење дека Западен Балкан е приоритет на ЕК.






– И не само тоа, ние го гледаме Западен Балкан како дел од Европа и го гледаме на долг рок или на краток рок како целосно интегриран во Европската Унија – рече тој.

Зборувајќи за иницијативата „мини Шенген“, Вархеји рече дека тоа значи брза можност за проток на стоки и луѓе и оти тоа ќе овозможи прилив на инвестиции и ќе го олесни платниот промет.

– Затоа започнавме да работиме на нова методологија за проширување, почнаа преговори со Северна Македонија и Албанија. Работиме и на забрзано намалување на нееднаквоста меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ – рече еврокомесарот.

Поврзани содржини