Вархеји: Вакцините на располагање на Западен Балкан кога ќе почне дистрибуцијата во ЕУ

288

Комесарот за проширување Оливер Вархеји денеска разговараше со министрите за надворешни и европски работи на земјите од Западен Балкан за координација на стратегиите за вакцинација.

– Работам на тоа да се осигураме дека вакцините против ковид-19 ќе бидат на располагање на Западен Балкан на време, кога ќе започне дистрибуцијата во ЕУ – напиша Вархеји на Твитер.






Тој вели дека за таа цел се издвојуваат средства и се координираат активностите.

– Во пандемијата, ние стоиме покрај Западен Балкан, чија иднина е во ЕУ – порача Вархеји.

Тој рече дека ЕУ ќе им помогне на своите соседи, но и пошироко, со цел заедно да ја победиме пандемијата.

Поврзани содржини