ВАРХЕЈИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО ЗА НЕСРЕЌАТА ВО БУГАРИЈА „Моите мисли се со семејствата на загинатите“
Еврокомесарот на Твитер утринава изрази сочувство со семејствата и пријателите на загинатите.
Еврокомесарот за проширување изрази сочувство преку Твитер за автобуската несреќа во која загинаа најмалку 46 лица на автопатот Струма.
„Ужасни вести за трагичната автобуска несреќа во Бугарија рано утринава. Моите мисли и сочувство се со семејствата и пријателите на загинатите како и со луѓето и властите на Северна Македонија. Им посакувам брзо заздравување на повредените“, напиша Оливер Вархеји на Твитер.