Вархеји: ЕУ одлучи да почне преговори со Северна Македонија и Албанија

Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ - напиша Вархеји

224

Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

– Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ – напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер налог.






Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска на видео – конференција дебатираа за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Ставот на ЕК по ова прашање, е јасен: двете земји испорачаа реформи и се подготвени да ги отворат преговорите, твитна Вархеји.

Поврзани содржини
na