Вардар со пораз го почна одбојкарскиот турнирот во Ниш
Вардарци на овој меч настапија без првиот техничар Давид Стојанов, како и без странските засилувања кои наскоро ќе пристигнат во тимот ќе му се стават на располагање на стручниот штаб.
Одбојкарите на Вардар со пораз го стартуваа настапот на турнирот во Ниш, откако попладнево загубија од домаќинот со 3:0 во сетови.
Вардарци на овој меч настапија без првиот техничар Давид Стојанов, како и без странските засилувања кои наскоро ќе пристигнат во тимот ќе му се стават на располагање на стручниот штаб.
Ниш доминираше од самиот почеток и рутински го доби првиот сет со 25:13, по што „црвено-црните“ пружија далеку подобар отпор во остатокот од мечот. Вториот сет заврши со резултат 25:17, додека во третиот сет беше 25:20.
Инаку, Вардар денес го доби словенечкиот прволигаш Камник за ривал на стартот во Челинџ-купот на ЦЕВ.
Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 15/16 октомври, а реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Словенија.