ВАРДАР ПРОТИВ ЗАГРЕБ ЌЕ ГO БОДРИ ПУБЛИКА Во салата ќе има 1.800 гледачи, сите со маски!

Натпреварот Вардар – Загреб е закажан за четврток (26 август 2021) со почеток во 20.15 часот.

202

На првиот четвртфинален натпревар од СЕХА Газпром лигата меѓу Вардар1961 и ППД Загреб во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде дозволен влез на одреден број на публика.

Добиена е дозвола за искористување на капацитетот на салата до максимални 1.800 гледачи.






Според последните протоколи што ги усвои Владата, влез ќе им биде дозволен само на лицата кои ќе имаат: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) против ковид-19, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест; сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст. Истиот треба да го покажат при влегување во салата.

Билетите за влез ќе бидат бесплатни и ќе може да се подигнат од Билетар 2 (пред влезот на малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во среда (25 август 2021 година) во периодот од 11.30 до 15.30 часот.

Подигањето на поканите (билетите) ќе биде додека има слободни места. Едно лице може да подигне најмногу 2 (две) покани (билети) за натпреварот. Останува правилото при добивање на билетите да се покаже соодветен документ за идентификација (лична карта) и сертификат, според протоколите на Владата.

Задолжително ќе биде носење на маски во текот на натпреварот, односно од влегувањето во салата.

Натпреварот Вардар – Загреб е закажан за четврток (26 август 2021) со почеток во 20.15 часот.

Поврзани содржини