Вардар пожолте кај Долно Лисиче

Инспекторатот најави контрола.

364

На социјалните мрежи од утрото се споделуваат фотографии од реката Вардар, во делот на Долно Лисиче, каде што  водата е обоена во жолто-кафеава боја.

Од Инспекторатот на Град Скопје преку нивната Фејсбук страница, посочија дека во координација со директорот на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) се испратени инспектори на терен.






„Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат, овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000 евра“, стои во објавата на Инспекторатот.

 

Поврзани содржини