ВАРДАР ПАК ЌЕ ОСВОЈУВА ТРОФЕИ Новиот тренер најави подобри денови

Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи, изјави Глигоров за официјалниот клупски сајт.

445

Вршителот на должноста шеф на стручниот штаб на Вардар, Никола Глигоров, најави подобри денови за најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој сезонава за прв пат во својата историја се натпреварува во второлигашко друштво.

– Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи – изјави Глигоров за официјалниот клупски сајт.






Поранешниот вардаров играч и капитен денеска беше назначен за в.д тренер на „црвено – црните“, откако клупското раководство му врачи отказ на Горан Симов по лошите резултати на стартот на сезоната во Втората македонска лига – Запад.

Поврзани содржини