ВАРДАР ОСВОИ БОД ВО ПОСЛЕДНА МИНУТА ПРОТИВ ТИКВЕШ „Романтичарите“ од Работнички изгубија од Струга

Додека Вардар одигра нерешено со Тиквеш, Работнички претрпе пораз од Струга и е сè подалеку од борбата за титулата во македонското првенство.

363

Фудбалерите на Вардар одиграа нерешено 2-2 со Тиквеш во меч од 27 коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во 41 минута тимот од Кавадарци дојде во водство преку Садик, а пред паузата за израмнување се погрижи Закариќ. Тиквеш дојде повторно во водство во 53 минута преку Мишов, а „црвено-црните“ во финишот успеаја да дојдат до бод со голот на Сенгхор (90+3`).






Работнички претрпе пораз од актуелниот шампион Струга со 1:0 во Скопје. Гостите дојдоа до триумфот со голот на Укпа во 54 минута од натпреварот.

По овој погрешен чекор за „романтичарите“, тие остануваат сè подалеку од борбата за титулата во македонското првенство.

Резултати од ПМФЛ, 27 коло:

Гостивар – Шкупи 3:1
Пелистер – Брера Струмица 1:2
Работнички – Струга 0:1
Шкендија – Воска Спорт 4:0
Силекс – Беса 1976 5:0
Вардар – Тиквеш 2:2.

Табела:

Шкендија 59 бодови
Силекс 55
Работнички 49
Гостивар 47
Струга 45
Шкупи 33
Вардар 29
Пелистер 29
Брера Струмица 24
Беса 1976 24
Тиквеш 23
Воска Спорт 22.

Поврзани содржини