Вардар изгуби на гостувањето кај Мешков

254

Европскиот ракометен шампион Вардар доживеа пораз на гостувањето кај Мешков Брест со 24:22 (12:10) во првото коло од новото издание на ракометната Лига на Шампиони.

Македонскиот тим одигра одличен натпревар , во последните минути резултатот беше изедначен (22:22) но сепак не успеа да издржи до крај и доживеа пораз.






Вујин со шест гола беше најефикасен во редовите на Вардар, четири погодоци реализираше Дисингер

Вардар во следното 2.коло во „Јане Сандански“ го пречекува Елверум на 24 септември.

Поврзани содржини